Ѕирнете што се крие во туѓиот ум
Способноста да се направи добра фотографија е високо ценета и воздигната во фотографскиот свет, но способноста да се соединат две фотографии во една, како што тоа го прави Andre de Freitas, е величествена! Овие фотографии не само што беспрекорно прикажуваат еден субјект, туку тие ја интензивираат фотографската игра, со прилепување на две слики во една. Фотографиите на Andre de Freitas во себе носат длабоки емоции и поетичност, а на нас набљудувачите, ни оддаваат чувство како да можеме да ѕирнеме во главата на луѓето и да ги прочитаме нивните најдлабоки тајни и мечти. Овие фотографии со двојна експозиција, ни овозможуваат поглед кон два тотално одвоени, но испреплетени светови. Кога гледаме во нив, ни доаѓа да се запрашаме што ли поминувало низ умот на фотографот додека ги изработувал. Тие создаваат чувство како зад нив да се крие некаква прекрасна приказна, која чека да биде прераскажана. Се сеќавате ли на градските силуети?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.