Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
Артистката Лиз Клајмо е популарна на социјалната мрежа Тамблр, чии комични илустрации добиваат по илјадници белешки на ден, од луѓето кои милуваат да ја споделуваат нејзината досетлива работа со светот. Преку ден, таа работи како аниматор за серијата Симпсонови, а навечер се претвора во една од најпопуларните артисти на Тамблр.

Пораѓањето на крај испадна дека не беше толку страшна работа. – Лесно ти е тебе да кажеш.
Кога била прашана за тоа како нејзината дневна работа влијае врз изработката на нејзините вечерни комични илустрации, таа одговорила: „Всушност, добивам многу идеи за моите илустрации од мојата работа во ‘Симпсонови’, бидејќи работам со многу смешни и интересни луѓе и мојата интеракција со нив на дневна база, ми дава многу идеи. Исто така, израснав со оваа серија, така што хуморот, особено во почетните сезони, навистина ми помогна во оформувањето на мојата смисла за хумор и за сето она што го сметам за смешно.“

Кул! И јас сакам капа од балон! – Аа… – Хм…
Илустрациите со животни на Лиз се состојат од диносауруси, птици, зајчиња и мечки кои зборуваат и секое од нив има саркастична смисла за хумор. Погледнете дел од нејзините најинтересни илустрации.

Повторно изеде бонбона во форма на бастунче, нели? – Да.

Те сакам човече. – Фала. – …толку многу. – Брат, што ти кажав во врска со гушкањето!

Лифт! Скали!

Што не е во ред? – Ќе врне, а јас немам чадор. – Не се грижи брат, јас ќе те заштитам.

Ох, не! – Упс, мора да сум заспал додека сум ја јадел мојата салата.

Сè што сакам за Божиќ, се моите два предни заба. – Тоа веќе го имаш. – Аха, епа во тој случај сакам ајпед.

Како оди состанокот? – Мислам дека не ѝ се допаѓа.

Денес е петок 13-ти. Исплашен си? – Нее, имам поголеми работи за грижење. Како на пример за овој кит.

Мојот костум оваа година ќе биде одличен. – Ах брат, и мојот. – Мојот ќе биде стравотен. – Ти е*ам.

Не можам да дишам.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.