Драматични портрети на модели заробени со природни елементи и светлина
Портретите на Алесио Алби се необични и неверојатно убави. Природната светлина во комбинација со елементите од природата ни прикажуваат една поинаква убавина на лицата на женските модели.
За разлика од другите фотографи, Алби ги користи специфичните карактеристики на секој уникатен амбиент за да додаде една интересна естетика во рамката. Пред очите на гледачите, обичната ограда станува значаен дел од неговиот визуелен мозаик, фрлајќи специфични сенки врз лицето на моделот.
Во портретите, фотографот користи разни елементи од природата – трева, растенија, дрвја и диви цвеќиња – за да креира импровизирана сенка, силуета или рамка. Иако лицата на моделите се значително прекриени со природните елементи, Алби ја има направено секоја фотографија подеднакво уникатна, секој пат прекривајќи и откривајќи делови од лицата на неговите преубави модели на специфичен начин.