Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола

Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола

Артистката Кејт Честерс, од Ливерпул, Англија прави симпатични рачно изработени дрвени кујнски даски за сечкање, украсени со смола. Инспирирани од природата, секој од овие уникатни дизајни ги пресликува убавините на природниот пејзаж. Изработувајќи ги во бои сини како океанот и прекрасни магента тонови, Честерс користи најразлични мешавини на нијанси од смола, кои совршено се спојуваат за да направат магичен склоп од бои и шари.

„Отсекогаш сум бил воодушевена и хипнотизирана од небото и прекршувањето на светлината низ него и мојата цел е да создадам уметност која ги пресликува тие возбудливи емоции, предизвикани од драматичните пејзажи“, објаснува артистката.

Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смолаДонесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола

Честерс ги создава своите рачно изработени даски од разновидни природни водоотпорни парчиња дрво, а целиот процес трае неколку дена. Од разлеани шари на маслиново дрво, до минималистички пругасти белези на бамбусово дрво, секоја дрвена плоча си има свои уникатни обележја и естетика.

Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола

Пред да ја нанесе специјалната леплива смола, Честерс најпрво поставува самолеплива лента по должината на даската за да направи права линија, а го заштитува остатокот од дрвото со проѕирна фолија. Потоа таа ги сипува нејзините колоритни глазури во изложениот дел и набљудува како хемиската реакција предизвикува боите да се мешаат и создаваат апстрактни шари. Откако е готов самиот процес, секоја даска се остава да се исуши отприлика 24 до 72 часа.

Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола

„Пред да ги креирам моите дела, секогаш прво имам план на ум како треба да изгледаат. Знам кои бои ќе ги користам, какви форми и шари ќе креирам и какво расположение целам да покренам кај набљудувачите. Сепак, точниот краен резултат за тоа како ќе изгледа даската, е надвор од моја контрола“, продолжува таа.

Донесете ја плажата во вашата кујна со помош на овие прекрасни даски за сечење од дрво и смола

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар