Домашни кино сали инспирирани од филмови
Кој обожавател на филмови не би посакал свое лично кино дизајнирано по својот омилен филм? На креативност и пари, очигледно не е штедено, бидејќи секое од овие домашни кина е фантастично. Удобни меки фотелји за помалку од 10 луѓе, огромен екран, одлично озвучување и декор за мерак. Што повеќе би било потребно за комплетно уживање?

Војна на ѕвездите
Помеѓу подобрите ги издвоивме пештерата на Бетмен, планетата на смртта од „Војна на Ѕвездите“, пиратски брод од „Пиратите од Карибите“, бродот Ентерпрајз од „Ѕвездени патеки“ и уште неколку други. Па драги филмомани, доколку би ви се укажала можност да си направите вакво кино, кој филм ќе го отсликува вашето?

Бетмен

Бетмен

Пиратите од Карибите

Ѕвездени патеки

Ѕвездени патеки

Ѕвездени патеки

Господарот на прстените

Титаник

Индијана Џонс
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.