Дом во Мелбурн со модерен дизајн
Совршен спој меѓу нордискиот стил и колоритните елементи
Станува збор за напуштена колиба во Мелбурн, која е целосно реновирана и адаптирана во свеж и современ простор за живеење. Од самите слики ќе забележите дека станува збор за ентериер уреден во нордиски стил, каде акцентот е ставен на белите ѕидови, бледиот под и силните повремени изблици на боја, кои се вклопуваат прекрасно во амбиентот.
Покрај интересните, модернистички парчиња мебел, големо внимание е посветено и на впечатливите, уникатни детали, кои му даваат душа на самиот простор. Исто така, дизајнерите совршено ги осмислиле и уметничките елементи, со тоа давајќи му на апартманот и една авангардна нота, која го прави уште попријатен и привлечен за око. Уживајте во фотографиите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.