Добредојдовте во Хаваи: Местото каде што се случува чиста магија
Хаваи е најизолираното населено копно во светот и во истиот момент штом излезете од авион и стапнете на хавајската земја, илјадници километри далеку од дома, едно нешто е јасно уште од самиот старт – Хаваи е навистина магично место!
Џејсон Матијас е фотограф кој патува низ светот и сака да го долови чувството кое го доживеал во четирите години додека живеел на островот.
„Вложувам многу напор и размислување за да ги доловам овие моменти каде што се чини дека елементите соработуваат со мене. Емоциите кои сакам да ги доловам е удобната изолација на островите и бескрајниот простор во малиот момент на беспрекорна самотија.“
Барајќи места кои ќе ја доловат мистичноста на Хаваи, Матијас се искачил по вулкански карпи, планинарел до највисоките кратери и го бркал зајдисонцето секоја ноќ, само за да може да ги фотографира овие моменти на чиста магија.
„Поентата на фотографијата е дека секогаш може да се најдат елементи на движење. Хаваи е жив!“