Дизајни на пити инспирирани од Ноќта на вештерките
Есента е она годишно време кога питите со јаболки се највкусни, а една уметничка решила на вкусните пити да им додаде и дизајн кој ќе направи да изгледаат поубаво. Таа се инспирирала од Ноќта на вештерките која низ светот е многу прославувана, а зошто да не ја донесете и во вашиот дом? Разгледајте ги нејзините креации и инспирирајте се. Можеби вашата следна пита, освен што ќе има добар вкус, ќе добие и еден одличен дизајн.
На нејзините пити можете да забележите тикви, фенери и други есенски декорации. Иако нејзините креации се навистина уметнички, таа вели дека секој може да го направи тоа со малку труд, желба и трпеливост.
Погледнете ги овие креативни костуми за Ноќта на вештерките кои заслужуваат награди.