Дигитална изложба во Токио која ви овозможува да влезете во светот на соништата
Јапонското здружение за дигитална уметност „teamLab“ е познато по неверојатните дигитални инсталации кои ви овозможуваат да влезете во светот на соништата. Нивниот последен проект „teamLab Planets TOKYO“ е можеби најдоброто и најголемото дело на тимот и се протега на 10.000 метри квадратни.
Направени со помош на дигитална технологија, многу од инсталациите се дизајнирани да се трансформираат според интеракциите на посетителите.
„Границите помеѓу телото и делото стануваат двосмислени, а ова ќе ги натера луѓето да размислат за нивната врска со светот.“
Во инсталацијата „Цртање на површината на водата“ се проектира интерактивно езерце со кои риби на подот со вода. Како што посетителите застануваат во водата, просторот оживува со анимирани кои риби кои ја менуваат насоката и брзината. Ако рибата се судри со посетителот или со друга риба, исчезнува и остава спектар од бои.
Во инсталацијата „Пловење во паѓачкиот универзум на цвеќињата“ посетителите сведочат на сезонските промени кај цветовите. Можете да ги гледате како цветовите растат, расцветуваат и венеат.
Погледнете како изгледа секоја инсталација во акција на снимките на следната страница…