Девојките на Дизни во чевли на познатите модни дизајнери
Артистот на оваа колекција илустрации, Гризелда, вели дека ја наоѓа својата инспирација во комбинирањето на нејзините омилени Дизни бајки и нејзините омилени модни дизајнери кои, покрај облека, дизајнираат и чевли. За неа, чевлите се уметност или скулптури кои можат да се носат. Кога се добро изработени, тие го дополнуваат карактерот и стилот на личноста која ги носи. Самата вештина и изработката на чевлите се одраз на вкусот на дизајнерот и неговото забележување на малите детали. За неа, добар пар чевли се и добар заклучок на целиот изглед.
Врз основа на карактерите на нејзините омилени принцези, Гризелда анализира кој дизајнер најмногу им прилега и соодветствува на овие девојки. На пример, Елса е самоуверена и луксузна жена, па неа ја комбинира со Кристијан Лубутин, според неа најлуксузниот и најсофистицираниот дизајнер на чевли, како и нејзин миленик. Инаку, Гризелда и нејзиниот сопруг Норман, познати на социјалните мрежи како grizandnorm, се артисти кои работат во студиото на Волт Дизни како аниматори. Погледнете ја нивната колекција од чевли за принцезите од Дизни.