Девојка претворила стар автобус во неверојатен подвижен дом
Наместо да го бара домот од соништата, Џеси Липскин решила самата да си го направи. Разгледувајќи на eBay, таа се вљубила во автобус од 1966-та година и веднаш го купила. Ги поминала наредните неколку години обидувајќи се да го претвори возилото во дом на тркала.
Кога го купила, автобусот изгледал вака.
Најтешко од сè ѝ било да ги пронајде вистинските луѓе кои ќе ѝ помогнат во преобразбата.
„Сакам сама да правам работи, но немам никакво искуство со водовод, струја и работа со дрво што би ми помогнало во проектот.“
„Големиот предизвик беше тоа што е навистина различно од работењето на дом што се наоѓа на една локација.“
„Постојано мислев на движењето, а покрај тоа аглите на автобусот и прозорците направија вистински предизвик од дизајнирањето.“
„Важно беше да се пресметаат аглите бидејќи навалувањето на автобусот се менува во зависност од локацијата. Ова одзема голем дел од времето за проектот.“
Во главно, за целиот проект биле потребни 3 години.
Продолжува на следната страница…