Девојка покажува како изгледаат нејзините фото сетови кои ги користи за да се фотографира за на Инстаграм
Кимберли Даглас е жена со неверојатно чувство за стил. Таа стана симбол на убавина, напорна работа и одржување на активно онлајн присуство, а нејзините фанови со нетрпение ја очекуваат секоја нејзина нова фотографија.
Таа создава артистички автопортрети во кои уживаат љубителите на уметноста. Интересно е дека таа сѐ прави сама: ги подготвува сетовите, се фотографира, позира и потоа го споделува целиот процес на Инстаграм.
Почнала да се занимава со ова за да стекне повеќе искуство како модел, а на почетокот ѝ било многу тешко, не само за да ги изработи сцените туку и за да направи фокусирана фотографија. Со тек на време, вели дека работата станала полесна.
Погледнете колку работа има подготовката на секоја од овие сцени и како всушност се постигнуваат специјалните ефекти во фотографиите на Кимберли.
Продолжува на следната страница…