Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало
„Into the Mirror“ (Во огледалото) е елегантна модна фотосесија со интересен трик. Италијанската фотографка Лука Менегел е креаторот на идејата зад оваа серија, која го искомбинирала реалниот одраз на една девојка во огледалото со рачно нацртани фустани по неговата површина.
Едноставно облечена во долна облека со боја на кожа, моделката Насти Багреј го презентира уникатниот моден стил, стоејќи совршено наместена пред сензуално нацртаните фустани и накит во огледалото.
Илустрациите нацртани од Норма Нарди се толку успешни, што изгледаат како да се сошиени од различни материјали. Изгребаното и валкано огледало со украсна рамка, само им додава длабочина на креативните илустрации.
Комбинирајќи ги сите овие елементи заедно, Менегел создала моќна серија која ја поматува границата помеѓу реалноста и бајките.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.