Девојчето и мачето – фотосесија која ќе ви го стопли срцето
Детската љубов и приврзаност се најчистиот и најискрениот облик на емоција кој постои, па така малечките најчесто формираат и посебен вид врска со своите миленичиња. Оваа прекрасна фотосесија на преслатката Катерина и нејзината љубопитна мачка со прилично оригинално име – Лилу Блу Ројал Лада, го докажуваат токму тоа.
Фотографиите се направени од нејзиниот татко, фотографот Енди Прокх кој успеал на еден уникатен начин да ги зачува спомените на својата ќерка и да ги овековечи слатките моменти на игра. Веселиот дух на Катерина буквално сјае низ црно-белите фотографии, а мораме да признаеме дека и Лилу е одличен модел. Без разлика дали решаваат математички задачи или чкртаат на ѕидот, овие две пријателчиња навистина уживаат во нивната дружба. Самиот Енди вели дека обожува од време на време да им се придружува во нивниот посебен свет и дека се неговите омилени модели за фотографирање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Prekrasni se