Дел од 99-те проблеми на Џеј Зи
На фановите на раперот Џеј Зи, серијата смешни илустрации „99 Problems“ (99 проблеми) многу ќе им се допадне. Направена е од страна на Али Грахам, кој секојдневно прикажува по еден проблем со кој се соочува познатиот изведувач.

„На радио не ги пуштаат моите хитови“
Неговите смели илустрации искомбинирани со хумористична порака се инспирирани од насловите на песните на Џеј Зи, од стиховите на песната 99 Problems, како и од секојдневниот живот. На нив се прикажани многу смешни секојдневни проблеми со кои се соочуваат голем број луѓе, но некои се и нереални. Поради големиот интерес за овие илустрации, Али почнал да ги продава како постери со димензии 21,5 х 28 сантиметри преку својата онлајн продавница. Интересно е тоа што, штом едена илустрација стигне до бројката од 99 продадени парчиња, повеќе не може да се купи.

„Замрзнување на мозокот“

„Премногу талент во една соба“

„Чашата е преполна“

„Починати претседатели“

„Нема време за авантури“

„Лош крој“

„На косата не ѝ е денот“

„Страв од летање“

„Завидување за брада“

„Некреативно брендирање“

„Каснат од зомби“

„Не може да ја исчисти нечистотијата од рамото“

„Тежок крстозбор“

„Згазната мастика“

„Ролексот не работи“

„Недопечен стек“

„Каде е Бруклин?“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.