Декоративни детали што секоја тренди девојка ги има во својата соба - Part 2

Декоративни детали што секоја тренди девојка ги има во својата соба

5. Тука се секогаш и полиците со книги. Секако, оваа не е наменето само како декорација на домот, туку го отсликува и образувањето, стекнувањето нови знаења и искуства. Мораме да признаеме дека ваквите полици одлично изгледаат во спалните соби, особено ако нивното место концептуално се вклопува во целосниот дизајн.

5-dekorativni-detali-koi-sekoja-trendi-devojka-gi-ima-vo-svojata-soba-www.kafepazua.mk_

6. За ова не треба многу да пишуваме, бидејќи сите го сакаат! Станува збор за свежото цвеќе. Само разликата е во тоа што девојката која има стил и се грижи за сето она што ја опкружува не дозволува да остане без свежо цвеќе во својот дом. Надвор е убаво времето, пролетта е тука, па затоа веднаш треба да отидете до најблиската цвеќара и да купите букет од преубави ружи, јорговани или божури. Цвеќето не е наменето само за декорација, туку тоа исто така влијае и на поправање на расположението.

6-dekorativni-detali-koi-sekoja-trendi-devojka-gi-ima-vo-svojata-soba-www.kafepazua.mk_

7. Ова е еден занимлив начин за уредување на домот. Стилските девојки ја користат својата облека и модните детали како декорација во домот, па често својот накит, обувки и чанти можеме да ги видими сосема убаво наредени и поставени така што даваат уште поубав изглед на просторијата во којашто се наоѓаат.

7-dekorativni-detali-koi-sekoja-trendi-devojka-gi-ima-vo-svojata-soba-www.kafepazua.mk_

8. Наместо разни пластични корпи за облека, некои марами и слично, тие секогаш купуваат плетени корпи што му даваат природен изглед на домот и многу, навистина многу поубаво доживување кога стојат во некој агол од собата.
8-dekorativni-detali-koi-sekoja-trendi-devojka-gi-ima-vo-svojata-soba-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар