Дали миленичињата навистина наликуваат на своите сопственици?
Зек Роуз е 23-годишен фотограф кој живее во Торонто, Канада. Тој креативно го преработил концептот на миленичињата кои наликуваат на своите сопственици во серијата од фотографии наречена „Petheadz“. Зек прави портрети од миленичињата кои потоа ги спојува со портретите од нивните сопственици. Оваа идеја започнала како креативна вежба, но многу брзо привлекла големо внимание од јавноста. Проектот е сè уште активен, па доколку сакате да бидете во тек со неговите дела можете да го следите Зек на Инстаграм.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.