Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

Уметникот Куртис Викланд со години ги црта големите и малите моменти од неговиот секојдневен живот со сопругата Џордин и нивните 2 сина, Кејсен и Хајден. Тие се во брак веќе 8 години и ја очекуваат нивната прва ќерка во март. Овие возбудливи вести навистина го израдувале парот кој изгубил 2 деца поради спонтани абортуси во минатите 2 години.

Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

„Би требало да ставиме подобро светло покрај креветот“

Семејството Викланд поседува бизнис за свадбени фотографии во Мичиген.

„Првата загуба беше она што ме поттикна да цртам повторно. Сфатив дека ми треба цртањето како што некому му треба да компонира музика, да пишува дневник или да џогира. Цртањето ми помагаше да го надминам тешкиот период“, изјавил Куритс.

Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

Тој исто така открил дека цртежите му помагаат да го документира животот со неговото семејство.

„Ги цртам моментите кои предизвикале некакво чувство во мене. Многу ретко ги забележуваме таквите моменти во вистински живот и многу е тешко да ги искажеме со зборови. Но, кога веќе можам да ги нацртам, се надевам дека и другите можат да разберат на што мислам кога ќе ви видат цртежите“, објаснува сопругот.

Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

„Леле, таа е тука!“

Куртис најчесто ги црта наједноставните моменти, како што е бакнежот наутро или заспивањето навечер.

„Ќе ги пропуштев тие моменти да не ги имав нацртано, а тоа се моментите што никогаш не сакам да ги заборавам. Денес, цртањето ми помага да ги зачувам минливите моменти, но и да се соочам со тешките. Се обидувам да не заборавам дека тие би можеле да му помогнат некому исто како што ми помогнаа и мене“, открива Куртис.

Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

Денот кога дознавме дека сме го изгубиле бебето

Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

Помирување

Тој се надева дека и другите луѓе ќе се поврзат со неговите искрени моменти и емоции што ги преточува во дела.

„Утешително е кога ќе најдете уметник кој ’ве разбира’. Ако мојата искреност и љубов кон нештата што ми будат емоција му пружат утеха некому, тогаш драго ми е што ги споделувам цртежите онлајн, наместо да ги чувам за себе“, признава уметникот.

Цртежите на овој сопруг од неговото семејство се полни со љубов и искрена емоција

Бакнеж набрзина

Продолжете на следната страница за останатите цртежи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар