Цртеж кој прикажува со какви предизвици се соочуваат вработените жени и мајки

Цртеж кој прикажува со какви предизвици се соочуваат вработените жени и мајки

Мајките се на врвот на многу професии, а сегашната генерација татковци е навистина многу повеќе вклучена во воспитувањето деца и грижата за домаќинството отколку татковците порано, но не можеме да се преправаме дека мајките и татковците што работат имаат еднакви можности на полето на кариерата.

Жените се соочуваат со многу предизвици додека мажите трчаат по јасна патека покрај нив. Оваа едноставна метафора ја илустрираше перуанскиот карикатурист и брилијантно ги прикажа сложените предизвици со кои се соочуваат жените и мајките кои работат. Благодарение на објавувањето на индискиот милијардер Ананд Махиндра на Твитер, овој цртеж стана вирален. Махиндра го објави цртежот откако една недела помагаше во грижата за неговиот едногодишен внук и со тоа испрати честитки до секоја вработена жена и признава дека нивниот успех бара многу поголем труд отколку на нивните машки колеги. Кога мажите стануваат татковци – тие често напредуваат на работа и истовремено имаат поголема плата, додека многу жени се соочуваат со „мајчинска казна“ по мајчинството и недостаток на напредок на работа. Дури и денес, мајките честопати се гледаат како „главниот“ родител. Жените носат потежок ментален товар, работат повеќе часови со целата неплатена работа, поминуваат повеќе време во воспитувањето деца и домашните работи и имаат помалку време да се грижат за себе. Од друга страна, едно истражување покажа дека слободното време на мажите всушност се зголемува по родителството, додека се зголемува само обемот на работа на мајките дома. Треба да се напомене дека цртежот не стана вирален бидејќи е духовит. Токму спротивното. И, за жал, многу мајки можат да се идентификуваат со него. Добрата вест е дека сè уште можеме да ги срушиме тие бариери, а инвестирањето во родителско отсуство и платено породилно отсуство може да ни помогне. Да се ​​биде зафатена мајка е тешко, но можеме да го сториме тоа!

Погледнете како овој артист претвора фотографии од мачки во смешни илустрации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар