Чиндогу: Уметноста на создавање (речиси) бескорисни предмети

Чиндогу: Уметноста на создавање (речиси) бескорисни предмети

Речиси сè што правиме денес има некоја цел. Имаме Инстаграм профил за да станеме инфлуенсери, играме видео игри на Твич за да собереме публика, правиме накит и го продаваме на Етси. Сето ова заморува и на некој начин ја краде забавата од секоја активност.

Чиндогу: Уметноста на создавање (речиси) бескорисни предмети

Но дали имате слушнато за чиндогу? Чиндогу е уметноста на создавање предмети што се речиси бескорисни. Станува збор за предмети како полнач за батерии што работи на 12 други батерии, или пак мал гардеробер за вашите чорапи. Денес постојат безброј вакви изуми.

Потекло

Чиндогу: Уметноста на создавање (речиси) бескорисни предмети

Оваа „уметност“ е креирана од јапонскиот уметник Кенџи Каваками во 1990-тите, кои ги опишал овие изуми како не-бескорисни. Го смислил зборот комбинирајќи ги јапонските зборови „chin“ (чудно) и „dougu“ (направа или алат). Но чиндогу е многу повеќе од кованица, ова е цела филозофија. Во продолжение се 10-те „заповеди“ на чиндогу.

1. Чиндогу не смее да биде за вистинска употреба. Ако редовно го користите вашиот изум, не сте успеале.

2. Чиндогу мора да постои. Не се дозволени мисловни експерименти.

3. Мора да постои духот на анархијата. Направете го изумот настрана од границите и очекувањата.

4. Чиндогу се алатки за секојдневниот живот. Секој секаде мора да разбере како функционира направата без дополнително објаснување.

5. Чиндогу не е стока за тргување. Конечно нешто во вашиот живот што не можете да го претворите во дополнителен приход.

6. Хуморот мора да биде основната причина за креирање чиндогу. Наоѓање комплициран начин за решавање на мал проблем е смешно.

7. Чиндогу не е пропаганда. Ова не е место за вашите паметни коментари. Направете ги предметите со најдобра намера.

8. Чиндогу никогаш не е табу. Ако барате сексуални предлози, сурови шеги и „болен“ хумор, припадниците на чиндогу заедницата ќе ви речат да ги побарате на друго место.

9. Чиндогу не смее да се патентира. Овие изуми се за споделување и за восхит, а не за поседување и собирање.

10. Чиндогу е без предрасуди. Раса, религија, пол, возраст, способност… ништо од ова не е важно кај чиндогу. Овие изуми треба да бидат подеднакво бескорисни за сите.

Историја

Чиндогу: Уметноста на создавање (речиси) бескорисни предмети

Каваками започнал со неколку едноставни изуми за да ги исполни последните страници од весникот на којшто бил уредник. Се надевал дека неговите очила со инки и батериската ламба напојувана со соларна енергија ќе ги забавуваат читателите. Но вистинскиот „пророк“ на чиндогу е Ден Папија кој работел за друг весник. Тој им ја доближил оваа уметност на публиката што читала на англиски и ги охрабрувал читателите да создаваат нивни изуми. Во 1995-та година тој го основал Интернационалното чиндогу општество.

Што навистина претставува чиндогу?

Чиндогу: Уметноста на создавање (речиси) бескорисни предмети

Најважно кај овие изуми е да изгледаат колку-толку нормално на прв поглед. По малку размислување треба да сфатите дека воопшто не олеснуваат некоја активност. Земете го за пример путерот во форма на кармин. Изгледа практично, но што доколку ви се растопи во чантата? Што ако не го искористите доволно брзо и се расипе? Што ако по грешка наместо кармин нанесете од него?

Целата филозофија на чиндогу може да се сумира во две точки:

1. Дајте го најдоброто од себе, речиси успеавте.

2. Подоцна сфаќате дека проблемот што сте го решиле можеби и не бил толку голем.

А сега погледнете и некои корисни предмети за коишто не сте знаеле дека ви требаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар