Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

Центрифуга бар – пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

Во нашата држава, алиштата ги переме во рамките на нашиот дом, но во други земји луѓето го собираат купот валкани алишта и го носат во пералници, каде што мораат со часови да чекаат и да зјапаат во барабанот кој се врти во круг, додека машината не заврши. Ваквата обврска дефинитивно не спаѓа во интересниот дел од секојдневието. Но, сопствениците на една пералница во Гент, Белгија решиле оваа досадна рутина да ја претворат во забавна социјална активност.

Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

Веројатно никој од околните жители не би можел да претпостави дека ќе се радува за одењето во пералница, но сега кога знаат дека во неа можат воедно да пијат пијачки со пријателите, да вечераат, понекогаш да слушаат музика во живо, па дури и да си направат нова фризура, тогаш валканата облека и тоа како може да стане само добар изговор за одличен помин.

Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

Оваа пералница дизајнирана од страна на белгиското архитектонско студио Pinkeye, нуди кафуле со многу пријатен ентериер и фризерски салон кој ќе се погрижи за вашата коса, па поради интересниот социјален концепт, во неа наминуваат дури и оние кои имаат сопствена машина за перење и немаат потреба од услуга за перење. Денешниот социјален клуб Wasbar во кој одите за да си ја исперете облеката, порано бил книжарница. Сега е совршено добро стокмен, така што боите одмораат, а декорациите забавуваат. Технолошкиот аспект исто така не треба да се занемари – струјата која постојано треба да функционира беспрекорно за да работат машините и барот, како и умешното прикривање на цевките и жиците од видик, кои се вметнати во таванот.

Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

Овој бар, покрај во Гвент, го има и во белгискиот град Антверпен. Целата идеја звучи навистина интересно, а вам ви оставаме да си замислите како изгледа да тргнете во кафуле за да се дружите, носејќи со себе кеса со валкани алишта или да пиете кафе на јавно место со виклери на глава!? 🙂

Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар