Бушава азбука на англиски
Кога ќе се присетиме на детството, на ограничените ТВ програми и на почетоците на нашето образование, неизбежно е низ сеќавањата да наидеме на „Бушавата азбука“. Со неа ги научивме буквите од нашето писмо, но што е поважно, научивме како нив да ги асоцираме со некои зборови. А – Авијатичар! 🙂
„The Alphabet 2“ е кратко видео, кое по сè изгледа ја користи оваа идеја, притоа применувајќи разни техники и материјали во мали и големи простори. Создадено од мултидисциплинарното дизајн студио во Италија „n9ve“, ова видео ù доделува збор и значење на секоја буква, визуелно презентирајќи го на креативен, и секогаш различен начин. Она што недостасува е изговорот на буквите и зборовите.
Како што се напредни новиве генерации, не е лошо да го зачувате видеово како 32-ра епизода од Бушава азбука.
Да се потсетиме малку и на Бушава азбука… Кое видео е подобро?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
busava azbuka e nezamenliva 🙂