Бруталната вистина за насилството врз жените раскажана со еден збор – „ДА“
Унгарскиот артист Миклос Кис ја користи фотографијата за да ја подигне свеста на луѓето за насилството врз жените кое секојдневно се случува пред нашите очи низ целиот свет.
Во неговата серија фотографии „Тивка согласност“ можеме да видиме фотографии од жени кои потекнуваат од различни земји во светот и припаѓаат на различни етнички заедници. Сите тие имаат нешто заедничко, а тоа е зборот „ДА“ кој е испишан на 11 различни јазици на нивните усни, во боите на знамето на земјата која ја претставуваат.
Мотивиран од бруталната вистина дека секој ден сѐ повеќе и повеќе жени се злоупотребувани и малтретирани на секој можен начин, овој артист решава да го освести народот преку оваа фотосесија која го симболизира молчењето на жените кои во тишина го трпат насилството врз себе.