Брендирање на брендовите

Брендирање на брендовите

Романскиот дизајнер Стефан Асафти, направил еден интересен проект кој го нарекол „Brandversations“. Имено, станува збор за логоата на моќни компании во светот, но тие се целосно изработени од логото на своите конкуренти. Покрај тоа, на сите постери се наоѓа и познатиот слоган од конкурентите, правејќи ги уште поинтересни.

Брендирање на брендовите

 

„Ова е проект за брендовите, големите брендови на модерниот свет, кои изградиле неверојатна историја како што поминувале годините. Отсекогаш постоеле спорови помеѓу конкурентските табори, а фановите на секој бренд секогаш го бранат својот омилен, сметајќи дека тој е најдобар. Честопати, силните и моќни брендови прават и маркетинг реклами против своите најблиски конкуренти“ – вели тој.

Брендирање на брендовите

 

„Проектот најмногу му пристапува на визуелниот „разговор“ помеѓу логоата на компаниите и начинот на кој тие си влијаат едно на друго. Тоа е паралела помеѓу модерното и старото, а некои од слоганите датираат од 40-тите и 50-тите години на овој век.“ – вели Стефан

Брендирање на брендовитеБрендирање на брендовитеБрендирање на брендовитеБрендирање на брендовитеБрендирање на брендовитеБрендирање на брендовитеБрендирање на брендовитеБрендирање на брендовите

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар