Бои во домот кои ја ослободуваат негативната енергија

Бои во домот со кои ќе се ослободите од негативната енергија

Бојата може да биде прекрасна алатка за претворање на вашиот дом во помалку стресна и помирна околина. Сепак, домот е нашата оаза на мирот, место каде што можеме да се опуштиме и да се одмориме. Енергијата во нашиот дом влијае врз нашата енергија, па затоа мора да се ослободиме од сета негативност и да креираме место во коешто ќе можеме да се релаксираме.

(1) boi-vo-domot-koi-ja-osloboduvaat-negativnata-energija- www.kafepauza.mk

Многу истражувања ја потврдиле теоријата дека боите влијаат на нашето расположение. Експертите препорачуваат неколку нијанси на бои кои треба да ги внесеме во нашиот дом за да се чувствуваме убаво и релаксирано. Во продолжение погледнете кои бои се одлични за во домот, и какво влијание имаат на нас:

Сина

Сината боја е нежна, пријатна и помага за смирување на умот, ублажување на анксиозноста, намалување на притисокот, па дури и во забавување на срцебиењето. За да постигнете ваков смирувачки ефект, одберете мека и светла нијанса на сина боја за во спалната или дневната. Доколку не сте дома, а се чувствувате вознемирено, гледајте во небото и ќе се опуштите. Можеби ќе добиете некоја инспирација од природата за уредување на домот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

Зелена

Според истражувањата, луѓето кои се наоѓаат во зелена просторија се посмирени од оние коишто се наоѓаат во црвена. Добро познато е дека црвената боја предизвикува стрес, додека зелената релаксира. Експертите велат дека зелената боја со светложолти или крем нијанси, релаксираат најмногу од сите бои. Инспирација за прекрасни зелени нијанси исто така можете да пронајдете во природата и да ги вметнете во вашиот дом за да се ослободите од стресот и негативната енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

Розова

Со оваа боја треба да бидете внимателни. Живописните и силни нијанси на розовата можат да го зголемат стресот, исто како и црвената боја. Додека пак пастелните нијанси кои одат накај бела боја имаат смирувачки ефект. Со овие нијанси вашиот дом ќе изгледа нежно и женствено, па доколку ова е ваш стил, опкружете се со розови нијанси и уживајте!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

Бела

Нема никакво изненадување што белата боја се наоѓа на листата на смирувачки бои. Како и горенаведените бои, белата го намалува стресот, па затоа ви е неопходна во вашиот ентериер. Одберете чиста бела боја без да ја комбинирате со темни нијанси и темен мебел. Можете да ја внесете и во бањата за целосна релаксација додека уживате во топла, миризлива купка. Вакво освежување ќе ви годи во секоја смисла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

Дознајте дали Го имате ова во вашиот дом? Внимавајте бидејќи може да ослободува негативна енергија!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар