Блескави бои во вашиот дом
Белите соби се комплетно прилагодливи за да создадат модерно и софистицирано чувство на спокојност или да направат забавен и уметнички удар врз енергијата на просторот со помошта на блесокот на боите.
Собите прикажани подолу, се декорирани со платна или предмети во шарени бои кои ја разбиваат монотоноста на белината и создаваат една прекрасна целина којa секој би ја посакал. Овој едноставен и чист стил е многу популарен во Северна Европа, па може да претпоставиме дека сите домови во Норвешка или Финска би изгледале така.
- Во оваа соба шареното ќебе помага да се дефинира просторот, бидејќи, како што може да се забележи, нема јасна граница меѓу ѕидовите и подот.
- Тука, основните додатоци како книгите и гроздот од часовници го даваат целото шаренило кое и е потребно на собата.
- Зафрлените перничиња со силна боја и завесите ви го задржуваат вниманието, но секако се одржува и една јасност во просторијата која е овозможена од самата бела позадина.
- Колку креативен и педантен начин да ги организирате вашите шарени моливчиња како прекрасен ѕиден украс.
- Во фокусот тука ни е плисокот на жолта боја, но исто така се воспоставува и баланс со останатите шарени објекти на подот.
- Сината и портокаловата боја и даваат акцент на оваа соба, при што подот, фотелјата за одмор, прекривката на креветот и сликата на ѕидот совршено се усогласени.
- Прекрасната кујна има кабини во боите на виножитото кои секое утро ќе внесуваат ведрина и ќе ве будат насмеани.
- И покрај тоа што ова парче мебел навидум изгледа како шарен креденец, тоа во суштина е тоалетна комода составена од посебни сегменти во боја, кои можете да ги менувате по ваша желба.
- Едноставната полица со шарените книги распоредени по неа е дел од мебелот во собата.
- Во бела соба, сè што не е бело веднаш „паѓа во очи“ и токму тоа му дава свежина на просторот, без разлика на големината, формата и материјалот од кој е изработен делот од ентериерот кој е во друга боја.
- Овие шарени коцки би ви го привлекле вниманието, притоа терајќи ве да го вперите погледот кон големите прозори покрај нив, од кои имате видик кон прекрасниот град.
Наш предлог се и неколкуте идеи за дотерување на детските соби.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.