Билборди со фасцинантни научни факти
Лоцирана во Ванкувер, Канада, Science World е непрофитна организација, која решила да сподели многу специфични научни факти со децата и возрасните, на еден интересен начин. Во соработка со нивниот долгогодишен соработник, маркетинг агенцијата Rethink, Science World се познати во Канада, со нивните наградувани креативни медиумски кампањи. Со нивните билборди, реклами на автобуските постројки и герила реклами, „Science World“ е многу популарна организација во Ванкувер, по нејзиното уникатно презентирање на необичните научни факти. Погледнете дел од нивните најинтересни реклами.

Еден билборд може да се прекрие со 57 грама злато.

Секојдневно ви растат по 36 метри влакна.

Срцето на синиот кит е големо колку овој автомобил.

Двата најчести стравови се: страв од височина и страв од кловнови.

Секоја година јадете по 430 бубачки.

Тежите помалку кога се движите надолу.

Дијамантите не се толку ретки.

Комарците ја сакаат сината боја.

Очните мускули се движат по 100.000 пати дневно.

Вервериците случајно засадуваат милиони дрвја.