Библиотека околу вратот: Љубителите на книги нема да можат да одолеат!
Марго и Волтер се брачен пар кој има два слатки сина по име, Сорен и Силас. Сите заедно работат во својата работилница која се наоѓа во Филаделфија. Нивната работилница „Pegand Awl“ е вистинско мало откритие, а во неа се изработува скоро сè – накит, чанти, футроли, тетратки, нотеси…
Нивната работилница е посебна по тоа што на некој начин се занимава со рециклажа, односно сите предмети кои се прават кај нив се направени од стари, заборавени работи. Нивниот накит е доста занимлив и го прикажува новиот живот на отфрлените работи. Најпрво овие забавни работи ги произведувале само за себе, а потоа тоа прераснало во создавање на забавни работи за секој кој ќе ги посака. Во продолжение издвоивме дел од нивната работа наменета исклучиво за љубителите на пишаниот збор. Се надеваме дека ќе уживате!