Би пиеле кафе во оваа „Hello Kitty“ кафетерија?

Би пиеле кафе во оваа „Hello Kitty“ кафетерија?

Бели, розови и златни тонови ја красат првата „Hello Kitty“ кафетерија во Америка, која на денот на отворањето го привлекло вниманието на сите социјални мрежи. Станува збор за првата кафетерија од овој бренд, и тоа во неверојатната Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hello Kitty Cafe (@hellokittycafe) on

Сопствениците сакале да им понудат нешто сосема ново на љубителите на „Hello Kitty“, па затоа и го создале овој неверојатен простор. Тоа што е интересно и малку необично е дека кафетеријата е поделена на два дела – во едниот можете да поминете во кој било дел денот, а за другиот ви е потребна резервација, правејќи го приватен простор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hello Kitty Cafe (@hellokittycafe) on

Приватниот простор се нарекува „Bow Room“ и може да се изнајми за чајанки, прослави, родендени или пак, за кој било момент каде што чувствувате дека имате потреба да се почестите. Навечер, истиот тој простор се претвора во бар каде што на постарите од 21 година им се нудат коктели со креативни имиња, но сите во стилот на „Hello Kitty“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hello Kitty Cafe (@hellokittycafe) on

На магијата ѝ нема крај дури ни откако ќе излезете од кафетеријата, бидејќи сè што е на менито можете да го однесете дома, како и да купите голем број сувенири. Има маички со ликот на „Hello Kitty“ и нејзините пријатели, декорации за коса, приврзоци за клучеви, шолји, термоси и уште многу други занимливости на коишто е тешко да се одолее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hello Kitty Cafe (@hellokittycafe) on

Па, доколку некогаш се најдете во Ирвин, Калифорнија, немојте да ја пропуштите шансата да ја посетите оваа уникатна кафетерија. Во меѓувреме, можеме само да се препуштиме на фантазијата дека вакво нешто би можело да се отвори и кај нас…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hello Kitty Cafe (@hellokittycafe) on


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар