Би можеле ли да живеете во оваа куќа?
Архитектката Мејси Милер од Ајдахо, САД долго време посакувала да има свое место за живеење, но не сакала да ги носи на грб трошоците за хипотека, па затоа решила да си изгради свој компактен дом. Откако сонувала еден сон во 2011 година, таа решила да преземе инцијатива и да си го дизајнира нејзиниот мал, но ефикасен дом, познат под името „Tiny House“ (Малечка куќа).
Сакајќи да стекне искуство во градежништвото и да се пресели во дом кој ќе го направи сама со помали трошоци, Мејси работела на нејзината куќа од 18 метри квадратни, со надеж дека сонот ќе ѝ стане јаве.
Куќата е изградена врз приколка со рамна подлога, од рециклирани палети и нови прозорци кои биле донирани. Во внатрешноста на домот е внимавано на сите модерни погодности, а има и светлина, кујнски простор, па дури и функционален тоалет.
Постигнувајќи толку многу со толку мал буџет, проектот на Мејси не е тотално завршен, бидејќи таа моментално е во потрага по место на коешто ќе го „паркира“ нејзиното необично живеалиште. Архитектката се надева дека еден ден ќе може да направи целата конструкција да функционира без водовод и струја, со цел да биде сосема еколошка. Можете да го следите прогресот од нејзината работа, на нејзиниот личен блог.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.