Бесконечните скалила до рајот во Австралија
„Diminish and Ascend“ е скулптура креирана од страна на артистот Дејвид Мекракен која доколку се набљудува од одредени перспективи изгледа како бескрајни скалила кои водат до небото. Како дел од настанот познат под името „Скулптура покрај морето“ во Бонди, Австралија, овие скалила се една од најфасцинантните глетки кои можат да се забележат на овогодишните надворешни изложби. Тие едноставно му овозможуваат на вашиот мозок да скита и да замислува надреално бегство.
Но, и покрај тоа што изгледа дека има долго искачување кон небото кое води надвор од Земјината атмосфера, не станува збор за ништо повеќе од обична, но истовремено и брилијантна оптичка илузија. Оваа одлично изработена скулптура си игра со перспективите така што ги зема предвид визуелните ефекти кои се поврзани со симулирање на далечина. Мекракен конструирал модифицирана верзија на скалила кои се намалуваат како што стануваат најоддалечени од човечкото око, така создавајќи илузија дека тие немаат крај и исчезнуваат во височините.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.