Бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче
Ништо не може да ве подготви за еден ваков голем момент во животот. Што мислите, каква фацијална експресија се појавува на лицето на татковците откако за прв пат ќе го погледнат своето бебе? Екстремна среќа, неочекуван страв, возбуда или зачуденост?
Фотографот Дејв Јанг решил да го дознае токму тоа и направил серија фотографии на кои ги овековечил овие неверојатни реакции. И покрај тоа што тој налетал на голем број емоции, тие бие 100% реални. Тој од 23-ти до 26-ти април 2014, секоја вечер шетал по ходниците на болницата „Chelsea and Westminster“ во Лондон каде што налетал на наредниве неколку татковци. И не само што ги фотографирал, туку и побарал од нив да му кажат порака која би сакале да ја испратат до своето бебе… Погледнете.

„Ти посакувам сè најдобро, ја имаш нашата љубов да се истакнеш и да бидеш слободна личност, преполна со љубов.“ – Џорџ Металинос

„Животот е прекрасен, уживај!“ – Мајк Ридел

„Биди среќен, јас секогаш ќе те сакам.“ – Аз Мухамед

„Сакај го животот и храни се добро.“ – Жилан Лепретр

„Љубов, семејство и живот.“ – Реда Али

„Живеј го животот најдобро што можеш.“ – Алфред Кабанеса

„Ми го промени целиот живот.“ – Кенеди Калифорд

„Секогаш цели кон среќата, останатото само ќе се среди!“ – Бен Гросман

„Сакај го својот татко.“ – Сердар Сокмен

Семејството ми е сè. Ти си ритамот на моето срце и воздухот во моите бели дробови.“ – Аман Ахмед

Слушај ја мајка ти, таа е помудра и посилна отколку што можеш да замислиш.“ – Џејсон Те

„Живеј на начин што секогаш ќе те прави горд.“ – Алесандро Престиџакомо

„Забавувај се.“ – Асаф Бачиу

„Животот е онаков каков што ќе си го направиш.“ – Гамал Бантон

„Не смееш да се тетовираш до 30 години и секогаш биди фин со мајка ти.“ – Луис МекЛинан

„Живеј целосно, секогаш биди тоа што си и сакај со целото срце.“ – Ерис Чинелато
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.