Белата куќа во САД, изградена само од песок
„Sanding Ovations“ е компанија која има околу 40 години разновидно искуство во изработка на скулптури од песок. Нејзини сопственици се Ден Даблдеј и Мередит Корсон, кои заедно го шетаат светот и градат песочни скулптури за стотици клиенти секоја година. Тие заеднички имаат освоено 15 медали на светски шампионати и имаат победено во секој натпревар на којшто учествувале. Нивните скулптури се прецизно изработени до секој детаљ, во себе кријат емоции, изгледаат неверојатно реално и совршено, а сепак и едноставно.Неодамна, тие изградија неверојатно убава скулптура на Белата куќа во САД, која се наоѓа во одморалиштето Bilmar Beach, во Трежр Ајленд, Флорида. Импресивната скулптура е изработена од 40 тона песок, а биле потребни 6 дена за да се заврши целата работа. Скулптурата ќе биде изложена во Флорида, до 3 септември.
„Вратата од Белата куќа ја оставивме отворена, бидејќи не знаеме кој ќе ја преземе работата од јануари, после изборите“ – вели Мередит.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.