Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајстори

Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајстори

Цветанка Арнаудова
(поднесено преку „Предложи содржина“)

Автопортретот е претстава на уметникот. Може да е цртеж, слика, фотографија или пак скулптура изработена од самиот автор. Првите автопортрети чии автори можат да бидат идентификувани се појавуваат во раната ренесанса во средината на XV век. Уметниците се портретираат како главна фигура или пак го наоѓаат своето место како дел од настани, или пак како дел од групни портрети. Знаевте ли дека Човекот со турбан од 1433 година, чиј автор е фламанскиот сликар Јан Ван Ајк се смета за најстар автопортрет на западното штафелајно сликарство?Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториПонатаму во историјата на уметноста, автопортретите стануваат значаен дел од творештвото на многумина автори. Италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој ни е познат по неговите Раѓање на Венера и Пролет, се насликал во десниот агол, во своето дело од 1475-1476 – Обожување на магите.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториЕден од најплодните автопортретисти кој припаѓа на ренесансата е германскиот графичар Албрехт Дирер. Неговото прво дело, автопортретот кој го изработил на 13 години, како што и се вика, Автопортрет на 13 години. Во 1493 го насликал Автропортретот со бодликав цвет, дело кое се наоѓа во Лувр во Париз со кое бил прв нормандиски сликар кој се насликал самиот себе, не како член на една заедница, туку како поединец. Овој автопортрет ù го пратил на својата вереница Агнес Фрај. На дното на сликата може да се прочита и мотото „Мојот живот тече кон желбите на небото“. Со ова тој не искажал воодушевување, туку помирување со она што го очекува, бракот кој го прифатил од почит кон татко му.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториОд 1498 година е Автопортретот со ракавица во Прадо, Мадрид на кој сликарот е во облека на елегантен господин. Две години подоцна на почетокот на новиот век, Автопортретот со крзно го претставува Дирер во ликот на Христос. Занимливо нели? 🙂 Сепак нема ништо безбожно во тој став, единствено само значење дека Бог го просветлува уметникот.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториДирер го гледаме и во склоп на композицијата Поклонување на мудреците каде мудрецот Мелхиор е самиот Дирер. И ова дело е дел од колекцијата на галеријата Уфици во Фиренца.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториФламанскиот сликар Рембрант кој ни е најмногу познат по неговата Ноќна Стража, исто така во својот опус има голем број на автопотрети. Овде го гледаме Автопотретот од 1632, каде ужива голем успех како моден портретист и Автопортретот од 1640, каде е претставен целосно во костим од еден век порано.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториЕден од виртуозите на високата ренесанса пак, пред сè скулптор, а потоа и сликар Микеланџело, се насликал во сцената Страшен Суд која зафаќа цел ѕид на Сикстинската капела во Ватикан (1536- 1541). Претставен е како кожа која виси во раката на светецот Бартоломеј.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториОд овој период би го посочиле и  автопотретот на Рафаел Санти, изработен во 1506 година, кој се наоѓа во галерија Уфици во Фиренца. Тука е и автопортретот на Тицијан, неговиот прв автопортрет кој го насликал тек во постари години – Автопотретот од 1567 година, кој е дел од колекцијата на музејот Прадо во Мадрид. Интересен е и автопортретот на Ел Греко од 1604 година.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториПитер Пол Рубенс се насликал пак со својата прва сопруга Изабела, дело од  1609 година. Шпанецот Диего Веласкез познат по неговите Las Meninas, го гледаме со Автопотретот од 1645, кој денес се наоѓа во галеријата Уфици во Фиренца.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториИ за крај, не смее да се заборави еден од најголемите сликари на барокот – шпанецот Франциско Гоја, кој е предвесник на модерната уметност. Него го гледаме не само како главна фигура во своите дела, туку и како дел од друга портретна композиција.

Гоја си се вклучил себеси во Портрет на фамилијата на Чарлс IV, изработен во периодот 1800-1801. Интересен е  неговиот автопортрет од 1795-1797, кога оглувел и поради тоа себеси се претставил со подолга разбушавена коса.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториИ како за крај, дело од 1820, – Гоја и неговиот доктор Ариета, Ретко интимна слика на Гоја, како сведоштво за нивното пријателство.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. eli Reply

    “Поклонување на мудреците” и “Обожување на магите” е едно исто-сцената каде мудреците му се поклонуваат на Малиот Исус….аман, кој ви преведува од англиски?

  2. Biljana Reply

    Goja e od periodot na neoklasicizmot a ne od barokot

Остави коментар