Автопортрети од разголената Јулија Городински
Фотографот Јулија Городински немала потреба долго да трага по својата муза, т.е. некој млад и нежен субјект кој ќе го окупира нејзиниот објектив. Оваа Израелка со потекло од Белорусија, спојувајќи портрети и пејзажи во едно, создава сензуална серија на автопортретски приказни. Таа воопшто нема трошоци за нивното создавање, изложувајќи се себеси, без инхибирање.
Локациите кои Јулија ги избира, се наоѓаат во околината на нејзиниот дом во Тел Авив и претставуваат совршени позадини за нејзините автопортретски нарации. Тркалајќи се по песочни дини, мирни плажи и празни урбани места, Городински добива шанса да биде ѕвезда во сопствената приказна, без никој друг во кадарот.
Нејзината голотија во автопортретите е истовремено елегантна и со вкус. Уживајте во селекцијата од нејзините фотографии.