Авантуристички стан со внатрешен тобоган
На поткровјето од една зграда во Менхетен од 19 век, се наоѓа неверојатно уреден модерен апартман, во кој центарот на вниманието е огромен тобоган со надворешност како огледало, кој поврзува четири ката. Ова значи дека од највисокиот кат можете да се излизгате четири ката надолу, со тоа што на третиот можете да излезете од тобоганот, но можете и да се премислете, да се вратите во лизгалицата и да продолжите до првиот кат. И како тоа да не е доволно забавно, на ѕидовите има и вештачки камчиња доколку почувствувате потреба за искачување на карпа. Њујоршкиот архитект Дејвид Хотсон, заедно со внатрешниот дизајнер Хизлаин Винјас го трансформирале овој простор за живеење во неверојатно модерен стан, во кој нема никогаш да му дозволите на детето во вас да заспие. Апартманот е одлично искомбиниран со стакло, нерѓосувачки челик, бели површини оживеани со колоритен мебел и акцентирани со креативни предмети. „Ова е комплексен ентериер со многу драматични елементи“ – потенцира Хатсон.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.