Авантурист прави неверојатни воздушни фотографии од неговите патувања ширум светот
Фотографот и авантурист Мет Хорспул има посетено 43 држави, а неговата рута низ Јужна Америка е можеби најинтересна. Тој е роден во Јужна Кореја, а пораснал во Велс. Покрај тоа што фотографира од земја, Мет ги документира неговите патувања и од воздух.
Направени со дрон, од балон или со некој друг метод, воздушните пејзажи на Мет нудат можност да го видите светот од сосема нова перспектива. На неговите фотографии се прикажани разни нешта – од крајбрежни градови и планински села, до природни базени и притоки.
Можеби најинтересното нешто кај неговите фотографии е нивната мистериозна атмосфера. Во многу од нив пејзажот е опкружен со магла. Причината е што Мет преферира да фотографира наутро, период од денот во кој повеќе се чувствува како локален жител, наместо турист.
„Ова е секогаш најдоброто време да истражите некој град бидејќи буквално нема ни туристи ни локални жители. Местото е ваше.“
Погледнете ги неверојатните фотографии на Мет, кој за среќа изјавил дека не планира да запре во блиска иднина.
Продолжува на следната страница…