Ателјето на Бачевци во Охрид

Ателјето на Бачевци во Охрид

Автор: Петар Џајковски

Во срцето на Охрид, на патот кон Канео се наоѓа ателјето на Бачевци, кое морате да го посетите! Ќе ве пречекаат пријатно, со турско кафе и свежа лимонада, но тоа не е главната причина за да појдете во оваа креативна работилница. Вистинската причина треба да биде она што таму ќе го видите, односно делата кои се раѓаат во неа.Ателјето на Бачевци во ОхридПриродна уметност, давање „нова свежина“ на старите дела на природата е она што го одликува Баче Дизајн како посебен. Почнувајќи од скулптури изработени од старо дрво, фантастични ламби од тиква, па сè до одлично составени мозаици од камчиња и плочки. Во ова ателје секојдневно работат Славко Баче, Сашо Баче, Сања Баче и Номче Џулески.Ателјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридСлавко Баче е роден во Охрид, септември 1983 година. Завршил основно и средно образование во родниот град, па потоа студирал класична анимација во Софија на Нов Бугарски Универзитет. За себе вели дека е „уметник во сенка“ и во константна потрага по својот стил. Најголема сатисфакција наоѓа во работата на скулптури од дрво. Најдрага му е првата скулптура која ја изработил, „Архаична свежина“ изработена од стар багрем, а негова најнова скулптура е  „Стар бор-Мајка“ која е направена со посвета и како подарок за свои драги пријатели.Ателјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридСвојот стил го дефинира со зборовите „старо, а свежо“. Тој вели дека не се плаши да експериментира и комбинира со најразлични материјали и од нив да направи невообичаен склоп кој на крајот изгледа хармонично. Функционалноста, односно практичната примена на предметите е исто така својство што ги прави посебни.

Зошто секојдневните предмети од нашиот ентериер како светлечките тела, масички, шанкови, саксии да изгледаат обично и монотоно, кога напротив можат да бидат интересни за око и да зрачат со живот“ – вели Славко.

Ателјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридИзработуваат и мозаици од ситни камчиња, а како најнов експеримент во експанзија се мозаиците изработени од керамички плочки, на кои им се посветува се повеќе време.Ателјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридЦртањето графити од хоби прераснало во занает, па Баче има насликано преку педесет реклами и логоа низ Охрид. Како најголем и најдобар проект од овој вид е „стрипот“ нацртан пред просториите на Црвен Крст во Охрид, чиј процес на изработка траел три месеци.Ателјето на Бачевци во Охрид

Што би ги советувал младите уметници?

„Секој шо планират да се занимават или веќе се занимават со уметност, требит да продолжит по истиот пат со многу посветеност и верба во сопствените квалитети. Сон на повеќето уметници е да излезет надвор за да го материјализирет својот труд и да добиет признание за своите дела. Ама јас викам не морат секогаш да работаш за пари, некогаш поработај и за себе. Е тогаш времето ќе ти бидит чирак, ти ќе бидиш то шо сакаш да бидиш и ќе му плашчаш на времето колку шо заслужвит.“

Ателјето на Бачевци во Охрид

Како изгледаат твоите идни планови и кои се плановите на Баче Дизајн?

„Па пред сè да работам шо појќе. Планирам да организирам приватна уметничка колонија во стариот дел на Охрид која ќе служит за промоција на таленти. Ќе ги сместам артистите, ќе им обезбедам материјали и 10 дена само да работиме и да се дружиме. На крај све то ќе се завршит со една мултимедијална изложба овде во дворов. Крајната цел на ова студио е максимална промоција на името и прераснување во институција која ќе работат во истиот дух и со истиот стил, но на едно многу повисоко ниво.“

За крај Баче, какво кафе пијаш?

„Хахаха! Средно, турско. По три секој ден!“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. George K Reply

    Great talent ,dont stop too make originality this is very rear talent

  2. клукајдрвче Reply

    имав прилика да работам со дечково во една работилница за графички дизајн… Страшен лик, страшно креативен… Продолжи така и бркај работа

Остави коментар