Артистка создава неверојатни шолји за кои црпи инспирација од '90-тите

Артистка создава неверојатни шолји за кои црпи инспирација од ’90-тите

Артистката Кејти Маркс создава уникатни шолји што ќе ви го направат пиењето кафе сосема ново искуство. Кејти ги украсува шолјите со тродимензионални елементи и живи бои, па тие наликуваат на мали ремек-дела.

Артистка создава неверојатни шолји за кои црпи инспирација од '90-тите

За оваа колекција Кејти се свртела кон минатото.

„Моите последни парчиња со светки се дефинитивно инспирирани од моето детство во ’90-тите. Ми предизвикуваат вистинска носталгија.“

Артистка создава неверојатни шолји за кои црпи инспирација од '90-тите

Артистка создава неверојатни шолји за кои црпи инспирација од '90-тите

Покрај ретро-деталите, Кејти почнала да создава шолји за кои црпи инспирација од нејзините растенија.

„Се грижам за над 25 растенија повеќе од една година, па решив да ја прикажам мојата љубов кон растенијата преку моите дела.“

Овие дезени се во форма на листови и се изработени со златна боја врз шолјите со живи бои.

Артистка создава неверојатни шолји за кои црпи инспирација од '90-тите

Благодарение на шолјите, кариерата на Кејти тргнала во нагорна линија, па дури и се преселила од Сиетл во Портланд.

„Сега имам многу поголемо студио за работа. Имам неколку дизајни и ќе имам неколку асистенти кои ќе ми помогнат во производството, додека јас работам на последниот дел од дизајнирањето. Се надевам дека со тоа што ќе понудам дезени што се секогаш достапни ќе задоволам барем дел од побарувачката.“

Артистка создава неверојатни шолји за кои црпи инспирација од '90-тите

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар