Артистка рекреира познати уметнички слики на тост лепчиња
Норвешката артистка Ида Скивенс го издигна играњето со храна на сосема ново ниво. Таа никогаш не посетувала кулинарски часови, но инспирирана од својата љубов кон храната, уметноста и фотографијата решила да започне да ги рекреира најпознатите уметнички слики на нејзините тост лепчиња за доручек.
„Ова беше одлична шанса да си ја развивам својата креативна страна, но истовремено и да ги поттикнувам луѓето да јадат поздрава и забавна храна“, вели таа.
Скивенс постојано постира нови фотографии на нејзиниот веб-сајт во рамките проектот наречен Уметност на тост, како и други уметнички фотографии со храна. Доколку сакате да бидете во тек со нејзините најнови дела, можете да ја следите и на Инстраграм. Погледнете ги досега најпознатите дела на оваа уникатна и забавна артистка…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.