Артистка прави магични венци од цветови за животни
Првиот венец од цвеќиња што го направила универзитетската професорка Јарели, бил за нејзиното куче Фреја. Целта ѝ била да се забавува и да направи неколку интересни фотографии за Инстаграм. Но она што почнало како обична фотографија, набрзо се претворило во бренд. Јарели, која живее во Калифорнија, ја основала компанијата Freya’s Floral Company (Цветната компанија на Фреја) која нуди селекција венци од цветови и за луѓе, и за животни.
„Добив толку позитивни коментари, што одлучив да почнам да правам венци и за други кучиња за да ја споделам љубовта.“
Артистката користи вештачки цветови за да создаде деликатни композиции, а нуди и изработки по порачка. Таа тврди дека секој венец е уникатен, а дури и оние што ги прави од истите цветови имаат различни композиции. Дали би сакале ваков сладок пролетен украс за вашето милениче?
Продолжува на следната страница…