Артистка која гледа 100 пати повеќе бои од другите луѓе, преку прекрасни цртежи ни го покажува светот во нејзините очи
Артистката Кончета Антико почнала со цртање на 7-годишна возраст, но дури во 2012-та година сфатила дека го гледа светот многу поразлично од она на што повеќето од нас сме навикнати. Антико има тетрахроматија, ретка генетска состојба која влијае врз развојот на очите што ѝ овозможува да гледа виножито од бои онаму каде што ние гледаме само една нијанса.
„Сè што е обоено јас го доживувам посилно“, објаснува таа. „Нашиот свет е прекрасен и разновиден. Сè сјае со мозаици од боја.“
Онаму каде што повеќето луѓе имаат само 3 видови на „конусни“ клетки кои се чувствителни на боја и му помагаат на мозокот да ги интерпретира светлосните бранови, таа има 4. Артистката вели дека нејзиниот вид ѝ овозможува да види повеќе од 99 милиони бои во споредба со нормалните луѓе. Светот во нејзините очи е едноставно неверојатен.
„Зелениот лист не е зелен, туку има околу 100-тина бои за мене, вклучувајќи ја и црвената боја. Друг пример се сенките, кои не се само сиви, туку изобилуваат и со виолетова, тиркизна и сина боја“, вели таа.
Антико го искористува овој талент за нејзината работа, создавајќи прекрасна и динамична уметност.
„Мојот супервид ми овозможува да ги најдам и проценам боите со само еден поглед, а токму тоа ми овозможува да ги создадам сите мои цртежи во само еден здив, без да мора да се навраќам на одредени делови“, објаснува таа.
Некои дури велат дека нејзините дела, кои најчесто се инспирирани од природата, на некој начин „вибрираат“ и делуваат како да се холографи.
„Јас имам цел да ја спасам убавината на нашата планета и чувствувам дека мојата работа им овозможува и на другите да ја забележат и да се инспирираат да ја спасат.“
Соодветна цел за неверојатно талентирана артистка. Погледнете мал дел од нејзиниот прекрасен свет…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.