Претходно
Артистка ги црта хороскопските знаци, користејќи го човековото тело како платно
Датум: 23 јул 2015
Коментари: 0
Трина Мери е уметница која од ноември 2014 до мај 2015 цртала на човечки тела за да ги прикаже 12-те хороскопски знаци. За позиционирање и цртање на секој модел, вклучувајќи се и себеси, ѝ биле потребни од 2 до 9 часа, а користела бои кои се базирани на вода и не се отровни. Кога цртежите биле готови, морала уште еднаш да ги позиционира моделите за финалната слика. Секој цртеж постои само неколку мигови додека моделите стојат во точната позиција и потоа целата магија останува зачувана само во фотоапаратот, како потсетник на оваа уметност.