Артистичка куќа во Малибу со внатрешен базен
Оваа голема, спектакуларна резиденција со уметнички дух, е дизајнирана од страна на бразилската архитектонска компанија Fernanda Marques Arquitetos Associados, а е лоцирана во Малибу, Калифорнија. Куќава прикажува еден урбан артистички дизајн, збогатен со „живи“ бои, кои ненаметливо се вклопуваат во целокупниот изглед.
Гломазниот мебел одлично се прилагодува во пространата куќа, која е направена во италијански стил: кожа, кадифе, метал и стакло преовладуваат во собите.
Покрај интересните уметнички предмети, креативните лулки и современиот мебел, највпечатливиот елемент на оваа резиденција е галантниот внатрешен базен, кој нуди бескрајно уживање. Уживајте накратко на вашето патување до „куќичката“ во Малибу.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.