Артисти ни покажуваат како би изгледале шумите доколку се биолуминисцентни

Артисти ни покажуваат како би изгледале шумите доколку се биолуминисцентни

Фасцинирани од тишината и органските феномени кои можат да се најдат во природата, особено биолуминисценцијата, аниматорот Фридрих ван Шор и фотографот Тарек Мавад поминале 6 месеци во длабочините на шумите со цел да создадат „биолуминисцентна шума“. Тие со помош на компјутер и проектор, успеале да ни покажат како би изгледале одредени организми доколку ја имаат способноста да емитуваат колоритни и суптилни светла. Резултатите, снимени во реално време, биле уредени во прекрасен краток филм со музичките композиции на Ахим Тру.

Како што ни покажува видеото, Ван Шор и Мавад користеле дигитално мапирање со цел да создадат бајковити сцени од соништата со суштества и растенија кои нежно светкаат. Погледнете ја нивната прекрасна работа која нè води низ прекрасни природни пејзажи и ни овозможува сосема поинаков поглед кон овој свет кој толку добро го познаваме…




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар