Артисти им даваат нов живот на детските цртежи со чудовишта со цел да ја поттикнат креативноста
Проектот „Чудовиште“ цели кон помагање на малите деца да го сфатат потенцијалот на имагинацијата. Без никакви правила и ограничувања, од учениците во основно училиште се барало да нацртаат чудовиште. Како што тие ѝ дозволувале на својата имагинација да цвета, така и се поттикнувале да нацртаат сè што ќе им падне напамет. Откако ќе завршат со своите цртежи, тие се испраќаат до артисти ширум целиот свет за да ги претворат во 3Д илустрации, анимации и цртежи. По оваа трансформација, чудовиштата им се враќаат на децата со цел да можат да ја видат својата креативност оживеана, без да се плашат за оценки и осуди.
„Нашата визија е да им помогнеме на децата да ја препознаат моќта на нивната имагинација и да ги поттикнеме да го следат својот креативен потенцијал“, вели основачот на овој проект, Кејти Џонсон.