Артист создава неверојатна минијатурна уметност само со своите раце
„Големината е важна“, напишал артистот Џон Алмеда на неговиот веб-сајт. Овој артист кој живее во Такома, Вашингтон е познат по грнчарските производи со големина од само 2,54 сантиметри, иако тој ја започнал својата кариера со многу поголеми производи. Моделите кои тој денес ги создава изгледаат исто како и нивните поголеми верзии, иако најчесто се толку мали што можат да стојат врз монета или кутија за кибрит.
Својот премин кон минијатурната уметност го објаснува на следниов начин:
„Додека разгледував во една книжарница, налетав на книга наречена ‘Создавање керамички минијатури’, која навистина ми го промени мојот поглед и пристап. Малите дизајни ми дозволуваат да се фокусирам целосно на формата на самото парче. Тоа е многу медитативна форма на создавање.“