Артист со Алцхајмер цртал автопортрети 5 години сѐ додека не си го заборавил сопственото лице
Во 1955 година, на англискиот артист Вилијам Утермолен му бил дијагностицирана Алцхајмерова болест. Ова е тешка дијагноза и болест, но пред неговата смрт во 2007, направил серија од тажни автопортрети во период од околу 5 години, документирајќи го постепеното губење на неговиот ум.
Неговата жена Патриција совршено ја објаснува моќта на сликите:
„На овие слики можеме да го видиме со огромна тага напорот на Вилијам да го објасни неговото променето јас, неговите стравови и тага.“
Тешко е да се каже дали промената во портретите настанала како резултат на губење на неговите артистички способности или пак на неговата психа, но во секој случај тие документираат емоционална збрканост на еден уметник кој јасно гледал како го губи својот ум, дел по дел.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.