Артист си поиграл со законите на архитектурата
Ова е надреална инсталација на британскиот артист и проектант Алекс Чинек, на која изгледа како фасадата од тули лоцирана во Маргејт, Англија, да се слизнала надолу. Впечатливото уметничко дело, за кое на Чинек му било потребно една година за да го реализира, е всушност реконструкција на четворокатно живеалиште, кое било напуштено пред 11 години. Тој ја сменил предната фасада со нова, која извиено продолжува надоле. На тој начин е добиен креативен, надреален објект на кој влезната врата доаѓа нормално, во однос на редот прозорци.Лондонскиот артист си поиграл со архитектурата на зградата уништена од пожар и вода, откривајќи ја нејзината раздробена состојба на врвот, каде што личи дека фасадата премногу се слизнала, за да може да го покрие тој дел. Невообичаената инсталација претставува неизбежно изненадување за локалните жители, кои се оставени да шпекулираат што се случило со објектот, бидејќи Чинек не сака да става знаци или какви било индикации дека станува зборува за манупилирано уметничко дело.
Во интервју за магазинот „Dezeen“ тој рекол „Јас едноставно чувствувам неверојатна желба да создавам спектакли. Сакав да креирам нешто кое ќе биде сочинето од едноставни животни задоволства како што се хуморот, илузијата и драмата и да направам уметност која ќе биде разбрана и уживана од страна на секој минувач.“
Необичната зграда на Чинек ќе биде презентирана до наредната година, сè додека не се закаже датум за реконструкција, со цел да се пренамени за домување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.