Артист претвора стари џебни часовници во минијатурни светови
Грчкиот уметник Грегори Грозос си поставил цел да докаже дека часовниците можат да направат многу повеќе од покажување на времето. Всушност, во нив можете да ставите цел свет.
„Ги нарекувам моите креации минијатурни светови бидејќи сакам да ги направам токму тоа. Се обидувам да го направам секое парче што е можно подетално и целосно како мал свет, за да може да биде наречено свет.“
„Сите теми и идеи се мои и многу од моите дела можат да бидат категоризирани како стимпанк, фантастичен или чуден стил. Обрнувам внимание на фините детали, обидувајќи се да направам хармонична комбинација од многу мали делчиња и материјали, што доаѓаат од многу необични извори.“
Грегори верува дека уметноста е поле од човечката култура која има огромна моќ врз луѓето. Тој сака да го истакне позитивното во неговата уметност и создава дела што ќе ги инспирираат другите.
„Гледајќи ги нештата на овој начин, ми се отвори целосно ново поле на идеи, креативност и ентузијазам да ги подобрам моите вештини, техники и знаење.“
Грегори ги продава неговите часовници, а цената на некои достигнува и илјадници евра, но секое мало ремек-дело нуди нешто различно. Токму ова е убавото во работата на Грегори. И покрај тоа што просторот во часовниците е навистина ограничен, Грегори успева да раскаже целосна приказна.
Продолжува на следната страница…